Скопјани земаат најголеми плати во Македонија

denari-plata.jpg

Индексот на просечната исплатена нето­плата по вработен во 2016 година, во однос на 2015 година, изнесува 102.0. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната исплатена нето­плата по вработен во: Полошки регион (4,2%), во Југоисточен регион (3,3% ) и во Источен регион (2,6%).

Според податоците во последната публикација за регионоте во Македонија која ја објави Државниот завод за статистика, највисок просек на исплатена нето­плата по вработен за 2016 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Скопскиот регион (17,5%), а најнизок просек на исплатена нето­плата по вработен за 2016 година, во однос на вкупниот просек во Република Македонија, е забележан во Источниот регион (25,3%).

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail