Скопје меѓу најзагадените градови – 35% од болестите се последица од загадувањето !

magla-skopje-630x419-600x399.jpg

Дури 35 отсто од болестите во Македонија се последица на загадениот воздух. Околу 1.300 лица умираат поради аерозагадувањето. Децата, старите лица, хронично болните и бремените жени се најкритичните групи. Ова се податоците од студија спроведена од Институтот за јавно здравје за скопскиот регион, направена за проценка на ефектите од загадувањето на воздухот врз здравјето на луѓето.

Според студијата, Скопје е еден од најзагадените градови, ако се земат предвид концентрациите на ПМ 2,5 честичките. Студијата е спроведена во соработка со финскиот Институт за здравје и благосостојба, во која се истакнати факторите кои ги намалуваат ПМ 10 честичките, а треба да се спроведат како модел во Македонија.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, истакна дека досега се вложени над 4 милиони денари за превенција од загадувањето. Тој најави дека проблемот ќе се реши со реализација на проектот за гасификација на градот.

Студијата за ефектите на аерозагадувањето е спроведена во рамките на Твининг проектот за јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството на ЕУ за квалитет на воздухот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail