muzicari.jpg

Музиката нема граници. На луѓето или им се допаѓаш или не, без разлика дали си на периферијата од некој помал град или во срцето на метрополата, едногласни се музичарите кои имаат видлив успех и без менување на местоположбата

Скопје е центарот на естрадните случувања, но многу докажани имиња од домашната музичка сцена никогаш комплетно не се преселија во главниот град. Животот во внатрешноста значи помирно секојдневие, но и дополнителни предизвици кога треба да се презентира песна, спот или албум. Секој нов проект подразбира чести патувања навреме да се стигне на интервју, закажано снимање или за некој друг промотивен ангажман. Во денешно време постојат различни начини на комуникација и презентација, но физичката присутност останува важна.

Идеално за семеен живот

Талентираните автори, сестрата и братот Магдалена и Лазар Цветковски се еден од најангажираните тандеми и барем една нивна тема досега имаат отпеано речиси сите звучни имиња на естрадата. И покрај обемот на работа, тие останаа да живеат во родниот крај.

– Никогаш не се преселивме во Скопје, иако ни е на 20 минути со автомобил и многу често доаѓаме. Во Тетово не е толку динамично и имаме повеќе време и приватност за креативно да му се посветиме на тоа што го правиме. Работиме од срце и се радуваме на секој успех, а најмалку е важно која е нашата моментална адреса – изјавија во една прилика Цветковски.

Извор: Faktor.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail