guardian_skopje.png

Фотографии од новата железничка станица, зградите на гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“, објектот на „Македонската пошта“ се дел од статијата со наслов „Модерната архитектура низ фотографии“ која деновиве ја објави британскиот весник „Гардијан“.

Во статитијата се вели дека поразен од земјотресот во 1963 година, главниот град на Македонија бил повторно изграден под покровителство на ООН во процес кој ја дефинирал солидарноста и соработката во поделена ера. Тимот на меѓународни архитекти предводен од Јапонецот Кенцо Танге донел една од најмоќните архитектонски поставки на светот во 20 век.

Во неа архитектурата во главниот град е прикажана низ десетина црно-бели фотографии кои ќе ги погледнете тука.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail