Скопје Сити Мол и Кореа Ауто Трејд Ве носат на финалето на FIFA World Cup 2018 Russia!

1.jpg

Сите фудбалски фанови со нетрпение го очекуваат најголемиот спортски настан и ги бројат деновите до почетокот на FIFA светското првенство кое оваа година се одржува во Русија.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Скопје Сити Мол за своите посетители во партнерство со Кореа Ауто Трејд – официјалниот дистрибутер за Hyundai на територијата на Македонија и Косово, подготви интерактивна забавна игра во која за најдобрите учесници ќе обезбеди 4 карти за финалето на FIFA World Cup 2018 Russia. Играта ќе трае од 14 јуни до 3 јули и ќе се одвива во Скопје Сити Мол, а забавната игра е поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

Правилата се едноставни: секој посетител со фискална сметка од над 300 денари од било кој локал во Сити Мол и наполнети 18 години ќе може да се регистрира и да учествува во забавната игра каде со употреба на фудбалски вештини ќе може да освои патување за две лица на финалето од FIFA World Cup 2018 Russia. Ќе се доделуваат и многу други награди.

Играта ќе се одвива во два циклуси, првиот од 14 до 23 јуни и од 24 јуни до 3 јули, во период од 18 до 21 часот. Сите учесници ќе се натпреваруваат во 4 арени (фудбал-голф, фудбал-билијард, фудбал-флипер и гол за прецизност). Вреднувањето на победнците ќе биде времето.

Зоната за играње и забава ќе биде отворена секој ден за сите посетители од 10 до 22 часот и ќе може да се користи постојано, освен кога се прикажуваат натпреварите од Светското Првенство. Сите натпревари ќе може да се следат во фуд корнерот, кафетериите и во фан зоната.

Исто така, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија за посетителите ќе овозможи и изложбен дел посветен на сите градови и стадиони каде ќе се играат натпреварите од светското првенство.

Бидете и вие дел од фан зоната и играјте за патување на големото финале на FIFA WORLD CUP RUSSIA 2018!

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top