СКОПЈЕ СТРИТ ФЕСТИВАЛ VOL. 7

60237296_2572537846123877_5813164344518639616_n.jpg

Почитувани посетители,

Со големо задоволство ве известуваме дека СКОПЈЕ СТРИТ ФЕСТИВАЛ VOL. 7 оваа година се сели на покривот на Градскиот Трговски Центар – ГТЦ.

Зошто? – Затоа што го сакаме ГТЦ! Затоа што ГТЦ е истовремено е скромен и искрен. Скромен е, затоа што и покрај тоа што е објект кој се простира на најголема површина во градот Скопје сепак е речиси незабележлив. Искрен е, затоа што секогаш, и покрај својата големина, тој се прилагодува кон различните делови од градот. ГТЦ е отворен, пријатен и гостољубив. Внимава никого да не исплаши или да дискриминира.(*Превземено од Никола Стрезовски Архитект)

Ова се вредности коишто се заеднички за нас и за мисијата на нашиот фестивал!

Затоа ВРЕМЕ Е! Подгответе се за уникатно фестивалско доживување!

Мејн стејџ ДА!
Графити стеџ ДА!
Стрит бол стејџ ДА!

Официјалната програма ја споделуваме наскоро! Следете нè и на инстаграм: https://bit.ly/2EiKryl

Спремете ги наочарите за сонце, патиките за шизење и помогнете ни да го разбудиме заспаниот џин во урбаниот простор во Градот Скопје.
Со почит,

Тимот на Скопје Стрит Фестивал!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail