Скопје во МоМА во Њујорк

moma-skopje.jpg

Музејот на модерната уметност во Њујорк МоМА (Museum of Modern Art) поставува изложба посветена на архитектурата во поранешна Југославија. Изложбата е насловена „Кон бетонската утопија: Архитектурата во Југославија во периодот 1948-1980“ (Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980 ).

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Изложбата се отвора на 15.  јули и ќе трае до 13.  јануари 2019.

Се работи за прва изложба во САД во чест на архитектурата во овој социјалистички период.

Изложбата опфаќа повеќе од 400 цртежи, макети, фотографии и филмови од општински архиви, семејни колекции и музеи кои за прв пат се претставуваат пред меѓународен аудиториум. Ќе бидат претставени делата на водечките југословенски архитекти од споменатиот период, меѓу кои и нашиот Јанко Константинов. Ќе се истражува и „брзата урбанизација, технолошкото експериментирање, конзумеризмот, спомениците и други обележја на југословенската архитектура“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top