Скршените телефони се минато, научниците пронајдоа супер флексибилен дисплеј

telefon.jpg

Пукањето на дисплејот од мобилните уреди е минато затоа што британски научници изумија евтин, флексибилен дисплеј од сребро и графен. Научниците од Универзитетот во Сасекс открија дека е можно да се комбинираат графен–материјал направен од еден слој јаглеродни атоми, со сребрени наножици, за да се направи дисплеј кој изгледа вообичаено, но е поотпорен.

Освен тоа, овој материјал е многу флексибилен што значи дека на паметните телефони нема да им треба заштитно стакло затоа што горниот слој ќе биде составен од материјал кој е свитлив и помалку кршлив.

„Актуелните дисплеи се изработени од индиум калиев оксид (ITO). Овој материјал е многу кршлив и мора да се нанесе на силна и тврда стаклена површина. Тој слој пука ако го пуштите телефонот на тврда подлога или случајно седнете на него. Затоа нашиот пронајдок е добар оти не му треба тврда стаклена површина“, вели Метју Ларџ, главен пронаоѓач на проектот.

Иако среброто е редок метал, во комбинација со графенот е потребна мала количина за премачкување. Графит, минерал од кој е направен графенот, има во големи количини што значи трошоците за изработка на дисплејот се значително помали.

Истражувањето е објавено во магазинот American Chemical Society Langmuir.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top