Skype може во реално време да преведува повици на мобилен и фиксен телефон

skypetranslator.0.0.jpg

Можноста за преведување во реално време веќе одамна ни беше најавена во Star Trek и неколку други научно фантастични филмови и серии. Денес, Microsoft најави дека нивниот “Skype Translator” преведувач кој работи во реално време, покрај повиците од Skype на Skype корисник сега ќе работи и на повици од Skype на мобилен и фиксен телефон.

Ова е голема вест за корисниците на Skype, особено оние кои го користат за бизнис. Имено, преведувањето можеби не е важно за оние кои разговараат со својата фамилија кога е во некоја друга земја, но е особено важно за разговор меѓу две компании од различни земји. Да, поголемиот ден вработените сигурно знаат и англиски, но секогаш е подобро да може да зборувате на својот мајчин јазик.

За да го пробате преведувачот на Skype треба да ја имате Skype Preview верзијата за Windows 10, која можете да ја симнете од Windows Store, но и да бидете Insider корисник на 10-ката и тоа на верзијата 14986. Секако, за да можете да се јавите на мобилен или фиксен телефон од Skype мора да имате купено кредит, но ако немате секогаш може да ја испробате можноста на Skype до Skype повик.

Преведувачот на Skype сепак не работи со македонски во моментов, иако се надеваме дека ќе биде поддржан во иднина. Во моментов поддржани јазици се: англиски, шпански, француски, германски, кинески (мандарински), италијански, португалски, арапски и руски. Ако знаете некој од овие јазици или пак сакате да разговарате со некој корисник од една од земјите кои ги користат, Skype Translator е многу интересна алатка да се проба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail