Слатки, шарени, меки: Луфите за капење делуваат многу привлечно, но, СЕ МНОГУ ШТЕТНИ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ!

lufa.jpg

Освен што се меки, шарени и неодоливи, делуваат и како одлично решение за мека и мазна кожа после туширање. Ако користите луфа за туширање, знајте дека грешите, бидејќи не постои по опасен начин за чистење на вашето тело.

Сите тие слоеви на мрежа кои остануваат влажни по секое туширање, се идеално место за развој и живот на бактерии и габи.

Најмал проблем кој може да се јави се мозолчиња и умртвена кожа, а она што навистина може да биде сериозно е да предизвикате инфекција доколку имате некоја рана на кожата (на пример од бричење – што често се случува).

-Кога ја триете кожата со луфа, сите мртви клетки отстранети од кожата остануваат заробени во неа. Кога после туширање луфата ќе ја оставите над влажна када, создавате идеални услови за развивање на габи, мувла и бактерии одговорни за конјуктивитис. И сето тоа само за неколку часа. – вели дерматологот Метју Најт.

Наместо наизглед слатките луфи користете сапун и пешкир со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од телото по секое тушираер и задолжително по една употреба ставете го во машина за перење. Ако веќе не можете да се туширате без луфа, тогаш изберете некоја од природен маеријал.

Ова не значи дека ќе бидете 100% заштитени од бактерии, но нивната количина ќе биде драстично помала за разлика од синтетичките луфи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail