Славјански дел од тимот на иднината на форумот „Русија – земја на можности“ во Москва

slavjanski.jpg

На 13-ти март во Москва започна со работа форумот “Русија, земја на можности” кој обединува 6000 перспективни менаџери, претприемачи, млади професионалци, волонтери, ученици и студенти. На форумот, за првпат после Светскиот фестивал на млади и студенти кој се одржа во Сочи во октомври 2017, се собра тимот на иднината(Future Team).

На форумот учество земаат учесници од над 100 земји во светот и од сите региони на Руската Федерација. Во делегацијата на Македонија се вклучени тројца учесници, а Михаела Ѓорчева беше претставничка од нашиот универзитет.

Првиот ден од #рсвфорум2018 беше резервиран за екскурзии низ Москва, а беа посетени многу музеи, театри, изложби…

Во програмата беше вклучена и посета на „рускиот Холивуд“, најголемото руско филмско студио – Мосфилм, каде можеше да се видат филмски сетови (стара Москва и Санкт Петербург), како и да се разгледа колекцијата филмски реквизити користени во руските и советските познати филмови.

Форумот „Русија – земја на можности“ беше официјално отворен на 14-ти март, кога на 31 локација во ВДНХ младите се собраа да дискутираат за менаџмент, лидерство, применување на современи технологии…

15-ти март беше полн со изненадувања за сите учесници. На почетокот на програмата ненајавено со свое предавање се вклучи министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.

Потоа, во големата хала од форумот пристигна и Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија, кој одржа предавање, но и одговараше на прашањата од многубројната публика.

По одбројувањето на последните секунди до затворање на форумот „Русија – земја на можности“, на сцената се појави претседателот на Руската Федерација, изненадувајќи ги учесниците. Владимир Путин беше пречекан на сцената со громогласен аплауз од страна на учесниците на #рсвфорум2018. Погледнете го видеото од неговото обраќање:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top