Словенечки пилот од авион прашувал колку е БАРСА – ПСЖ

avion_polece1.jpg

Пилотот на авиокомпанијата „Wizz Air“ на летот од Мадрид до Будимпешта, синоќа нешто пред 23 часот се јавил до контролата на летот со необично прашање.

Словенечките медиуми објавија дека пилотот влегувајќи во воздушниот простор на Словенија ја прашал контролата на летање на аеродромот Брник:

„Извинете, го знаете ли резултатот на натпреварот Барселона – ПСЖ во Лигата на шампионите?“

Контролорот на летот му одговорил:

„Барселона 6, ПСЖ 1“.

Пилотот задоволно рекол:

„Одлично, благодарам“.

Комуникацијата завршила тотално џентлменски, со констатација на контролорот:

„Убаво е да се слушне дека сте задоволни. Честитки“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail