Словенечките универзитети ги отворија вратите за 2 271 странски државјани

328714-0.basic-ulo.jpg

На словенечките универзитети оваа година ќе можат да се запишат 2.271 странски студенти. Споредбено со минатата, ова претставува зголемување за 49 места, наменети за оние кои немаат словенечко државјанство, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Во овој момент на студии во Словенија има околу 1000 државјани на Македонија.

Ако се споредува со минатите години, генерално, има тренд на намалување на слободните места за словенечките државјани. Оваа година е објавено дека ќе има 18.365 слободни места, што е 33 помалку во споредба со минатата година. На Универзитетот во Љубљана има 9.111 слободни места, а на тој во Марибор 4.508 места.

Пријавувањето за новиот циклус студии трае до 18 март.

извор: макпрес

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail