Blockstream-e1542623601718-640x438.jpg

Словенечката влада објави дека ги одобри стартните фондови за промовирање на првите два сателити кои што се проектирани во Словенија, и кои треба да бидат испратени во Вселената во првата половина на следната година со ракетата Вега на компанијата Арианспејс.

Станува збор за микросателитот Nemo HD кој е развиен од страна на словенски инженери, при што 85% од средствата ги донира ЕУ, а 15% државниот буџет. Сателитот има маса од 65 килограми, кој ќе ја снима Земјата од 600 километри, надополнет од европскиот систем Copernicus, со личен извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделието, шумарството и транспортот.

Владата за проектот осигура 830 000 евра, а од подготовките на проектот до лансирањето, вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиони евра, во рамките на програмата на Европската Вселенска агенција (ESA).

Словенија стана членка на ЕСА пред две години, но сеуште се бори за постојано членство.

Освен микросателитот Nemo HD, и ракетата Vega, Словенија во Вселената ќе го лансира и наносателитот Trisat, кој има тежина од 4,4 килограми. Тој ќе ја сними Земјата на основа на мултиспектралното зафаќање на слика и инфрацрвениот спектар на кратки бранови, а треба да се користи најмалку две години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail