Одлуката за запишување на мастер студии може да биде мотивирана од различни фактори: надеж за подобра позиција и поголема конкурентност на пазарот на трудот; повеќе знаење и поголема стручност во областа во која што работите; поголема можност за вработување; интелектуална авантура, но и желба за промена на средината. Во голем број на случаи нашата одлука е донесена со комбинација од сите гореспоменати работи. Токму поради тоа, треба добро да размислиме пред да избереме дестинација за студирање, која на најдобар начин ќе одговори на нашите професионални амбиции и академските потреби.

Photo: https://unsplash.com/s/photos/student-with-books

Со шест универзитети и четириесет и девет високообразовни институции, Словенија во последните години се издвојува како една од најатрактивните дестинации за студирање и за продолжување на академската кариера. Сите студиски програми се одвиваат според Болоњскиот систем на три степени и акредитирани се од страна на Министерството за високо образование, наука и технологија.

За да запишат мастер студии кандидатите од странските земји на додипломските студии мораат да се имаат стекнато со најмалку 180 ЕКТС бодови за да се стекнат со услов за конкурирање. Не се полагаат приемни испити за упис, освен за уметничките факултети и во неколку други случаи, а студиите главно траат две години.

Она е најважно за потенцијалните студенти е тоа што дипломата со која би се стекнале во Словенија е призната и рамноправно третирана во сите земји од Европската унија, како и во целиот свет. Значи ако се стекнете со диплома за мастер студии на некој од словенечките факултети ќе имате одлична стартна позиција на европскиот пазар на трудот, а со самото тоа и поголема шанса за вработување. Доколку се одлучите да останете во Словенија ќе бидете подеднакво вреднувани како и словенечките кандидати.

Наставата на мастер студиите се одвива на словенечки јазик, додека некои програми се достапни и на англиски јазик. Студентите од земјите од регионот го совладуваат словенечкиот јазик без поголеми проблеми со оглед на сродноста на јазиците. Во секој случај, им препорачуваме на сите идни мастер студенти да се стекнат со одредено ниво на предзнаење на словенечкиот јазик пред почетокот на студиите.

Покрај наведените придобивки постојат и неколку работи, коишто на потенцијалните студенти од странство можат да им претставуваат сериозен проблем. Недоволно информирани и слабо подготвени, студентите од странство многу често самостојно и помалку наивно се впуштаат во оваа незгодна бирократска авантура. Резултатот на таквата одлука може да биде доста непријатен – незапишување на мастер студиите и одложување на уписите до следната година.

За разлика од повеќето земји од регионот, во Словенија во најглемиот број на случаи не може да се запишете во било која област на матер студии. Потребно е кандидатите да одберат иста или сродна област како своите додипломски студии. Во спротивно ќе мораат да полагаат диференцијални испити.

За да не ви се случат некои од овие превиди поради кои можете да изгубите цела академска година, ве советуваме да се потпрете на поддршката од професионалците.

Агенцијата 2TM има долгогодишно искуство со запишувањето на странски студенти, како и прекрасно изградени односи со сите високообразовни институции во Република Словенија. Експертите од компанијата 2ТМ ги поседуваат сите неопходни информации поврзани за уписот како и увид во сите уписни рокови. Тие во ваше име ќе ја водат целата уписна процедура: од предавање на документите до запишувањето на факултетот, како и комплетна комуникација со администрацијата од избраниот факултет.

Доколку сакате сигурно да се запишете на мастер студии во Словенија, контактирајте ги експертите од компанијата 2TM на следната електронска адреса: [email protected]  или преку Facebook. Тие се тука за да ви ја пружат целата неопходна поддршка за да си ги остварите вашите академски и професионални амбиции.

Изберете сигурна иднина, запишете се на мастер студии во Словенија со помош на 2ТМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail