stipendii-1.jpg

Државниот фонд за стипендии на Република Словенија објави конкурс за доделување на стипендии „Adfutura за магистaрски и докторски студии, наменети за државјаните на Западен Балкан, во областа на природните науки, техниката и медицината, на високообразовните установи во Словенија. Помеѓу државите од Западен Балкан во рамки на овој јавен конкурс се сметаат Македонија, Србија, Босна и Херцеговинаи Црна Гора.

Висина на распишаните средства и стипендии

Вкупниот износ на распишаните средства за стипендии изнесува 600.000 евра и тие се наменети за сите години од студирањето. Правото на стипендија се доделува од годината кога кандидатот се запишал на студии (2019/2020) до завршувањето на студиската програма.

Стипендијата може да биде доделена за животни трошоци или за школарина на следните начини:

  • за животни трошоци, која изнесува 700 евра на месец, односно 8.400 евра за една студиска година или
  • за школарина, која се исплаќа на образовната установа, при што таа не смее да изнесува повеќе од 3.000 евра за една студиска година.

Врз основа на овој конкурс, на кандидатот не може да му биде доделена стипендија за интегрирани магистaрски програми.

Рок и услови за пријавување

Рокот за пријавување е до 2.9.2019 година. Кандидатите мораат да имаат до рокот за пријавување, регулиран привремен престој или склучено валидно полномошно со личност со регулиран престој во Република Словенија. Еден од условите за доделување на стипендија е и тоа дека, кандидатот не треба да е постар од 28 години на првиот ден од почетокот на студиите.

За време на студиите кандидатот мора да престојува во Словенија.

Фирмата 2ТМ има долгогодишно искуство со запишување на странски студенти на факултетите во Словенија. Заедно со вас ги избираме најсоодветните студиски програми, успешно ве запишуваме на саканата образовна установа и ви помагаме во реализирањето на вашите професионални планови за иднина.

За повеќе информации обратете се на: education@2tm.si или на нашата Facebook страна Студирај во Словенија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail