Случаи во кои не би сакале да бидете во авион

55.jpg

Моментот од кој стравува секој патник во авион се кога ќе се вклучат предупредувачките сијалички, авионот нагло свртува, а капетанот вели дека нема причини за загриженост.

Но, во случајот на летот US Airways, кој минатата недела беше пренасочен од Лос Анџелес во Филаделфија, причината за присилно слетување беше многу повеќе од техничка грешка или механички дефект.

Како што пишува „Дејли Мирор“, членовите на екипажот  бараа итно слетување заради куче кое изврши нужда на преминот, па на дел од патниците непријатно им мирисаше. Откако авионот во Канзас Сити беше исчистен, летот е продолжен.

Чуден мирис

Во јули 2012, авионот кој леташе од Северна Каролина за Рим морал принудно да слета во Филаделфија, затоа што патниците се жалеле на чуден мирис. Дури на некои им се слошило, па по слетувањето биле однесени во болница. Не им беше ништо, а не е откриено ни што мирисало.

Напукнат прозор

На патот од Милано до Осло еден патник забележал мала пукнатина на прозорот, а како што авионот се искачувал на поголема висина, стаклото се повеќе пукало. Авионот слетал во Франкфурт.

Падобран

На авионот кој летал од Бостон во текот на летот му се отворил падобранот, кој се активира само во случај на несреќа. Патниците забележале како од наворешната страна на авионот се ниша. За среќа, ништо не се случило.

USB стик

Извршниот директор на Силиконската долина на летот од Сан Франциско за Њујорк пронајде USB стик, сместен во тоалетн хартија. Пилотот одлучил дека нема да ризикува со вака сомнителен предмет, па сите 227 патници и членови на екипажот беа извлечени од авионот во Канзас Сити.

Крило и молитва

Патниците на летот од Лондон кон Фиренца доживеале вистински хорор. Тие прво слушнале како нешто тропа, а потоа виделе како се искршил дел од крилото на авионот. Бидејќи не биле многу далеку, пилотите авионот го вратиле во Лондон, а утврдено е дека крилото било оштетено од претходно.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail