Службениците во паника: Mобилните им ја земаат работата

mobilniiiiiiiiiiii.jpg

Од 2008 година досега бројот на работници во банките се намалил за 9000 и оваа појава ќе зема замав.

Бројот на работници во банкарскиот сектор е 23.342, а идните години тој број ќе опадне од повеќе причини, пишуваат српските медиуми.

Примарно ќе биде спојувањето на некои банки, и тоа секако ќе се одрази и на бројот на вработени во овој сектор.

Според податоците на Народна банка на Србија, во третото тромесечје од 2017 година во банкарството имало за 233 луѓе помалку од состојбата кон крајот на јуни.

13 банки го намалиле бројот на вработени за 416, додека 14 го зголемиле бројот на вработени за 183.

Во последните пет години во банките годишно по 1000 луѓе останувале без работа.

Се смета дека удел имаат и мобилните телефони и дека тие им ја „земаат“ работата на банкарите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top