Смртоносна дрога се шири низ Балканот

ecstasy.jpg

Новата смртоносна екстази розова таблета неодамна се појави во Србија, дознава “Блиц”.
Според “Блиц”, овој тип таблети пристигнал во Србија од лаборатории за синтетички дроги во Кина, а само една доза е пет пати посилна од претходно откриените видови на овој наркотик. Тој е најраспространет во Белград.
Клиничките испитувања покажале дека дозите од 75 мг активна супстанција МДМА пронајдени во обичен екстази не се смртоносни. Сепак, ова не може да се каже за новооткриените таблети што ја поплавија Србија. Имено, дозата на една таблета е пет пати посилна од вообичаеното, а младите ја земаат, бидејќи имаат пролонгиран ефект, односно ефектите траат до осум часа, рекол соговорникот на “Блиц”.
Според неговите зборови, само една таблета од овој вид екстази може да предизвика смрт за корисникот.
Овој вид на екстази е лесно достапен за младите луѓе. Најмногу го има по клубовите каде што може да се купи една таблета за 10 евра. Оние млади луѓе кои немале претходно искуство со дрогата по една доза паѓаат во транс, се тресат, имаат напади кои наликуваат на епилептични, по што настанува кома и смрт! Од друга страна, оние кои употребуваат синтетички дроги веќе некое време ја избегнуваат оваа таблета или земаат помалку дози – половина или една четвртина од таблетата, вели соговорникот.
Голем број на несакани ефекти се случуваат откако таблетите се внесуваат – потење, несвесно затегнување на вилицата, дехидрација, забрзана работа на срцето… По честата консумација се појавуваат депресија, висок притисок…
Според соговорниците на “Блиц”, пренесува Нетпрес, сопствениците на клубовите се свесни за фактот дека кај нив се трошат наркотици, нагласувајќи дека ова се рефлектира во цената на шишињата со вода во клубот.
Екстазито предизвикува дехидратација, па зависниците пијат многу вода, па едно шише во некои клубови чини исто колку и пиво, вотка, или поскапи од нив. Исто така на гостите им се забранува да се напијат вода во тоалетот оти обезбедувачите ги исфрлаат надвор, принудувајќи ги да купат вода за 250 до 400 динари, објаснува изворот на “Блиц#.
Дилерите со потенцијалните клиенти често се договараат околу цените, па затоа често се случува младите да купуваат синтетичка дрога и за само 500 динари. Уличната цена на екстази е од 500 до 1.000 динари, меѓутоа купувачите и дилерите се ценкаат, па ако некој земе повеќе таблети има попуст – на пример, за четири таблети ќе добие петта бесплатно или ако зема шест, две добива бесплатно.
Поплавата од смртоносното екстази почна пред две години во Велика Британија на Манчестер фестивалот, кога имало повеќе случаи на труење со ова екстази, кој содржел 250 милиграми МДМА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail