Snapchat воведе можност за групен разговор

img-310519.jpg

Snapchat конечно ја воведе една од долгоочекуваните опции, можноста за групни разговори. Корисниците сега можат да направат група за разговарање во која ќе има до 16 пријатели.

Групата може да се формира така што ќе кликнете на фолдерот кој се наоѓа во горниот лев агол, а потоа треба да се додадат пријателите и да се одбере име за група. Името на секој учесник во разговорот може да се види на дното.

Како што е случајот и со другите Snapchat пораки, се што е напишано во групата ќе се избрише по 24 часа. Исто така, овозможено е праќање стикери, емотикони, аудио и видео пораки.

Апликацијата има и други нови алатки, но тие засега се достапни само за iOS.

Исто така Snapchat се здружи со Shazam за да овозможи идентификување на песните со оваа апликација. Опцијата е достапна кога ќе притиснете и ќе ја држите иконата со фотоапаратот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail