brain-stimulation-1.jpg

Со електростимулација на мозокот може да се подобрат менталните резултати на постарите личности и да ги доближат до резултатите кои ги постигнуваат лица на 20 или 30 години, покажа студијата на американски научници објавена во списанието Nature Neuroscience.
“Тие резултати може да послужат како појдовна точка за идни истражувања со цел да се спречи опаѓање на когнитивните функции на постарите лица“, објаснуваат научниците кои работеле на истражувањето.
Работната меморија е краткорочна и не овозможува сеќавање на настаните од минатото. Се смета дека таа форма на меморија е поврзана со гама и тета брановите, а станува збор за два типа на мозочни бранови.
Научниците Роберт Реинхарт и Џон Нујен во студијата опфатија две групи на испитаници, од кои секоја со 42 испитаници. Во првата биле луѓе од 20 до 29 години, а во втората од 60 до 76 години возраст. Учесниците решавале задачи со кои била тестирана нивната работна меморија. На главата ставиле капа со електроди кои регистрираат како брановите меѓусебно делуваат и со помош на електродите исто така се стимулира мозокот на одделни учесници со моделирање на ритамот на брановите. Без тие стимулации постарите испитаници биле поспори во решавање на задачите и нивните резултати биле полоши. Но, со електростимулација нивните резултати се доближиле до оние на помладите испитаници, а ефектот траел извесно време и после стимулацијата.
Тие подобрувања се поврзауваат со посилните интеракции меѓу тета и гама брановите во кората на левиот слепоочен регион и посилната синхронизација на тета брановите помеѓу левиот слепоочен регион и предчелниот кортекс. Притоа треба да се земе предвид дека постарите лица кои биле вклучени во ова истражување биле здрави лица кои немаат деменција.
Потребни се дополнителни испитувања за да се утврди каков пристап е потребен за да им се помогне на лицата кои боледуваат од деменција. Исто така, засега нема докази дека подобрувањето постигнато со стимулацијата може навистина да го подобри секојдневниот живот на постарите лица.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail