Со фен за коса против несовесните возачи

skotgani.jpeg

Поради несовесните возачи кои поминуваат низ тивките улици со брзина над 60 км/ч., луѓето од шкотското село Хоупман го зеле законот во свои раце. Со фенови за коса.

Како што известува BBC, селаните кои се движат од постари мажи до мали девојчиња почнале да стојат покрај улиците со рефлектирачки елечиња, држејќи фен за коса во рацете. Фенот за коса оддалеку изгледа на радар, поради кој возачите би морале да ја намалат брзината.

Нивниот напор не го забавил сообраќајот, но тие се надеваат дека со ова ќе испратат важна порака до опасните возачи и до полицијата, која би требало да се справува со овие работи.

Во своја обрана, полицијата на Шкотска вели дека се добро запознаени со проблемот и дека постојано се работи на негово решавање.

Изненадувачки, ова не е прв пат да се појави ваква шема во сообраќајот. Имено, овој трик со фен се појавил уште во 2000. година во близина на Оксфорд, 2012. година на Флорида, и минатата година во Полска, која покрај патот беше поставена кукла која изгледаше на полицаец и која држеше фен за коса.

Очигледно, возачите кои возат брзо во населени места не се само опасни, туку и глупави.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail