rocky-mountaineer-e1562615984837.png

Можете да го пропатувате целиот западен дел од Канада со овој несекојдневен воз со стаклен покрив. Компанијата Rocky Mountaineer ви нуди незаборавно искуство и патување низ канадските Роки планини. Седејќи во удобното столче можете да посетите локации кои ќе ги паметите целиот живот.

Можете да избирате меѓу три различни рути кои ве водат низ природа која ќе ве остави без зборови. Една од тие рути е езерото Луиз, градот Банф и алпскиот град Џаспер. Притоа, на возот ќе го добиете и целиот луксуз кој го очекувате. Покрај удобните столчиња, стаклените покриви во рамките на пакетот услуги GoldLeaf и огромните странични прозорци во кабините SilverLeaf низ кои ќе ги видите одблиску сите канадски природни убавини, добивате и превкусна храна приготвена од шефови на возот.

Се што треба да направите е да се релаксирате и да уживате во приказните кои ги раскажува персоналот на возот. Возот не е куше, односно нема вагони за спиење. Но, тоа не е лоша вест – наместо во возот, ќе спиете во некои од најлуксузните хотели во светот.

Train With Glass Roof Gives You Best Views Of Canada

This train has a glass roof so you get the best views of Canada whilst you travel! 😍

Gepostet von Live The Adventure am Donnerstag, 4. Juli 2019
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail