Со печурки против рак

rak.jpg

Богати со витаминот Д и витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б11, Б12), Шитаке печурките содржат голема количина на калциум, фосфор, железо, калиум, натриум и други минерали. Од Шитаке печурката е изолиран еритаденин, кој го намалува холестеролот во крвта и помага при решавање кардиоваскуларните проблеми. Го намалува холестеролот за неверојатни 45 % и значително помага во намалување на тежината и одржување на енергијата на телото што допринесува за дополнителната заштита од вируси и инфекции.

Главната тајна на овие чудотворни печурки е превенцијата од малигните заболувања и неверојатната моќ на запирање на растот на тумороидните клетки. Со потекло од Јапонија, Шитаке печурката е позната и како храна на долговечноста, а уште ја нарекуваат и „царска печурка“ .

За лековитоста на Шитаке печурките биле запознаени уште од дамнешни времиња. Најстариот запис за искуствата на традиционалната јапонска медицина датира од 199 година кога царот Chuai на поклон од домородните племиња добил токму Шитаке печурки. Најистражуваната и најпознатата супстанца изделена од Шитаке печурката се вика лентинан. Овие соединенија се, всушност, сложени шеќери, полисахариди и нивното дејство им помага на одбранбените ќелии на заболениот организам да ги уништат ќелиите зафатени од рак.

Покрај како дополнителна терапија Шитаке печурката е одличен додаток во исхраната како превенција од болестите на модерното време. Медицината докажува дека здравјето може да се подобри, и тоа не само преку усовршувањето на хируршките, хемотераписки и радиолошки третмани, туку и со зголемено користење на антитуморските материи кои содржат лековитите Шитаке.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail