Со посебна техника до контрола на она што го сонуваме

pos.jpg

Техника за предизвикување на луциден сон е за прв пат верификувана и може да е уште повеќе ефективна кога се комбинира со други техники.

Иако само еден од шесте партиципанти сонувал луцидно за време на тестирањето, тоа е огромен успех за само една недела, без користење на екстерна интервенција.

Луцидното сонување е термин кој ја опишува состојбата кога сонувачот е свесен дека сонува, и има (делумна) контрола на дејствието на сонот. Некогаш се сметале за мит, но науката денес има потврдено дека луцидните соништа постојат и има изнајдено методи кои ја зголемуваат шансата луѓето да ги имаат.

Некои од овие методи побаруваат напредна технологија, додека други се далеку од сигурни дека воопшто функционираат.

Др. Денхолм Аспи од универзитетот во Аделаида дал инструкции на 169 учесници за техниките кои предизвикуваат луцидно сонување. Една од овие, наречена тестирање на реалноста, им создава навика на луѓето постојано да проверуваат дали навистина се будни.

Меномичната индукција на луцидни соништа (MILD), пак, е техника со која партиципантите местат аларми да ги будат по 5 часа, кажуваат „следниот пат кога сонувам, ќе се сеќавам дека сонувам“ пред повторно да заспијат. Практикантите на MILD исто така имаат инструкции да замислуваат како би било кога би биле во луциден сон.

Аспи изјавил дека „тестирањето на реалноста“ само по себе не дало резултати, но од оние кои ја пробале комбинацијата со MILD, 17% имале луцидни соништа за време на тестирањето.

Околу 55% од сите луѓе имаат луциден сон во некој период од животот, но кај повеќето ваквиот тип соништа се ретки. Повеќето луцидни сонувачи бргу се будат, но со доволно искуство може да се научат да ги продолжат соништата и до еден час.

Аспи сега е во потрага по доброволци за идни студии, од кои дел ќе бидат за контрола на разните трауми со луцидно сонување.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top