poli-1.jpg

Дваесет годишен студент, жител на село Леуново бил приведен во вторникот откако се обидел да повреди полицајци со шрафцигер. Тој бил пријавен во полициска станица дека го кршел и оштетувал инвентарот во интернатот „Седек Костоски“ во Маврови Анови, каде привремено бил сместен.

Кога на местото пристигнале полициските службеници кои постапувале по пријавата, тој од џебот извадил штрафцигер и ги нападнал со намера да ги повреди. Од страна на полициските службеници бил совладан и приведен. Усвојувајќи го предлогот на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена – информираа од МВР.

извор: република

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail