STUDENTSKA-STIPENDIJA.png

Дали си студент? Што по дипломирањето? Кои се твоите желби? План Б?

ИМАТЕ СУПЕР ИДЕJА ЗА СТАРТ-АП БИЗНИС??

ПРАТЕТЕ НИ ЈА ВАШАТА СТАРТ-AП БИЗНИС ИДЕЈА  И ОСВОJТЕ СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА!

Со цел поддршка на младите луѓе и нивнотообразование воРепублика Македонија,  четврта година по ред, ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), го објавуваат почетокот на натпреварот за доделување студентска стипендија за 2018 година.

 

Оваа година темата на  Н А Т П Р Е В А Р О Т за студентска стипендија е:

Изработка на концепт за реализација на старт-ап бизнис идеја со наслов:

 ,,Мојата платинеста визија“

во корелација со темата на Светскиот ден на кредитни унии 18 октомври 2018 година:FindYourPlatinumLining!

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ:

Право на учество на натпреварот имаат сите студенти од сите универзитети во Република Македонија.

Вашата СТАРТ-АП бизнис идеја може да ја изразите прекутекст и фотографија или видео, односно треба да пратите:

  • Текст напишан во 2 верзии:

– на македонски јазик (со македонска поддршка), и

– на англиски јазик,

Текстовите треба да бидат пратени во word,со должина на текст (по јазична верзија), најмногу на половина страница во А4-формат со стандардни маргини со фонт Times New Roman, и фонт „12“.

  • Визуелно решение (Фотографија или кратко видео) – со што би ја искажале вашата СТАРТ-АП бизнис идеја (изработен во која било техника). Доколку се одлучите за снимање на видео тоа не треба да биде подолго од 60 секунди.
  • Изјава за согласност за јавна објава на фотографиите/ видеата и текстовите со лични податоци. Изјавата преземете ја тука испечатете ја, пополнете ја (рачно потпишана) и пратете ни ја заедно со другите документи.

👉 Важно! Апликациите придружени со видеа ќе имаат предност!

Пристигнатите трудови (текст, фото/видео и изјава) треба да се пратат електронски, најдоцна до 15.10.2018 година, на: fulmstedilnica@gmail.com. Само комплетно доставените идеи ќе добијат можност за освојување за студентска стипендија.

Трудовите ќе бидат јавно објавени на профилот на Штедилница ФУЛМна социјалниот медиум Facebook. Притоа ќе има и јавно гласање. Изгласаните ТОП 5 СТАРТ-АП бизнис идеи ќе влезат во конкуренција за победник и добитник на студентска стипендија на ФУЛМ за 2018 година.

Добитникот на студентската стипендија ќе добие:

👉Студентска стипендија (во висина на трошоци за една студиска година)

👉Штедна книшка со почетен членски депозит (доколку апликантот не е член на ЗГ ФУЛМ)

👉Сертификат за победник на натпреварот и добитник на студентска стипендија

Следете нè на нашите социјални медиуми каде што ќе ги објавиме сите информации и новини за Натпреварот за студентска стипендија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail