intern-irena.jpg

Дали знаете дека постојат луѓе кои за само три месеци успеваат да направат личен развој во ИТ светот, но и дека постојат компании како Интертек кои преку својата програма за таленти допринесуваат за развој на овие луѓе? Програмата за таленти на македонската компанија Интертек, која се занимава со развој на продукти од ИТ индустријата, претставува вистинска можност за развој на својот професионален план. Сега секој има единствена можност преку програмата за таленти на Интертек да допринесе за својот личен развој.

Ви споделуваме уште едно искуство од оваа програма. Запознајте ја Ирена.

Ирена е млада девојка која за три месеци се чуствува навистина спремна за светот на Јава Девелопери.

“За Интертек имав слушнато на еден настан “Industry Learn & Talk” организиран на ФИНКИ и Интертек. Бев инспирирана од страна на предавачите кои всушност беа вработени во компанијата, колку многу познавање покажаа за новите технологии и сфатив дека се работи за големи експерти. После неколку месеци аплицирав за програмата на таленти и ја започнав мојата пракса. Се што можам да кажам како студент е дека секој студент заслужува да го искуси тоа што го искусив јас. Средината во која се работи е позитивна и едноставно едвај чекаш да дојдеш на работа. Секој од тимот на Суперхероите одличен колега. Ти даваат чуство како да дел од тимот уште од првиот чекор. Многу ми се допадна начинот на кој те внесуваат во работата. Добиваш шанса да работиш на вистински проекти. Јас работев на проект за една голема Германска компанија. Исто така секој практикант има можност да учествува и во дополнителни тренинзи. После 3 месеци практикантска работа во Интертек, навистина се чувствувам подготвена за светот на Јава Девелопери.”

Програмата за таленти на Интертек е наменета пред се за студенти и дипломирани ИТ студенти, ИТ професионалци кои бараат нови предизвици и развој во кариерата, како и за ентузиасти кои сакаат да научат ново поглавје во животот. Во рамките на нашата програма за таленти при практикантска работа ќе стекнете увид во индустријата, во тимовите за развој на продукти, со што ќе обезбедите познавање од начинот и принципите на работа во ИТ компанија.

За сите кои сте заинтересирани аплицирајте на becomesuperhero@intertec.io

За повеќе информации посететe ја нивната веб страна www.intertec.io

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail