Со вежбањето на нозете го чувате здравјето на мозокот

vezba.jpeg

Вежбањето на нозете е од голема важност и за здравјето на мозокот и нервниот систем, се наведува во најновото истражување. Тоа покажало дека невролошкото здравје зависи од сигналите кои мускулите на нозете ги испраќаат до мозокот и обратно.

Резултатите дадоа нови показатели, бидејќи пациентите со болеста мултиплекс склероза, атрофија на мускулите на ‘рбетниот столб и други невролошки болести брзо се влошуваат откако нивната подвижност ќе стане ограничена.

“Нашето истражување покажа дека луѓето кои не можат да прават вежби со кои ќе се оптеретуваат, како што се пациентите на постела , па дури и астронаутите на нивните патувања, не само што губат на мускулна маса се менува и хемијата на нивните тела на ниво на клетки. Исто така, тоа значајно влијае на нивниот нервен систем”, рекла Рафаела Адами од Универзитетот во Милано, Италија.

За време на истражувањето, кое е извршено на глувци, им било оневозможено користење на нивните задни шепи, додека предните можеле да ги користат. Експериментот траеше 28 дена, а глувците продолжиле да јадат и нормално да живеат. Ограничувањето на активноста резултираше со намалување на нервните матични клетки за 70 % во однос на глувците кои ги користеле сите 4 шепи.

Ограничувањето на активноста довело до намалување на количината на кислород во телото, што создаде анаеробна средина и го промени метаболизмот.

“Не е случајно тоа што луѓето треба да бидат активни, да пешачат, трчаат, да клекнуваат за да седнат, да ги користат мускулите за подигнување нешто и слично. Невролошкото здравје не е едносмерна улица каде мозокот му наредува на мускулите”, додава Адами.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top