1.png

3D моделирањето претставува креативна професија која наоѓа широка примена во различни индустрии, од видео игри, филмска и ТВ индустрија, до медицина, воена индустрија и сл. Во овие области каде има потреба од 3D модели и 3D анимации, брзината и ефикасната употреба на податоците се клуч на успехот на проектите, па затоа од исклучителна важност е изборот на софтвер во кој тие ќе се изработуваат.

Една од низата софтверски алатки наменети за оваа индустрија, е широкоприменетата Autodesk Maya. Maya e комплетно 3-димензионално решение за визуелни ефекти, креирање на високо квалитетни содржини за филм и телевизија, игри и комерцијални спотови, како и моќни алатки за визуaлизација.

Независно дали сте професионален графички дизајнер, специјалист за анимација или почетник, Autodesk Maya ќе ве воведе во индустриските стандарди на 3-димензионалното моделирање и анимација.

Самиот графички интерфејс на Maya за разлика од сродните Autodesk софтвери, им овозможува на корисниците почетници полесен визуелен пристап и се смета за еден од најнапредните во новата генерација на софтвери кои се користат за 3D aнимација. Нуди голем спектар на различни 3D објекти за креирање симулации и различни 3D модели.

Доколку ова ви звучи интересно и би сакале да научите да работите во Autodesk Maya, тогаш посетата на курс е првиот чекор во реализација на оваа замисла. Семос Едукација нудат обука која се одржува во Autodesk Авторизиран Тренинг Центар, спроведена од страна на Autodesk сертифициран инструктор, а се работи на лиценциран Autodesk софтвер. По завршувањето на курсот слушателот се стекнува со меѓународно признаен сертификат за посета на курс издаден од Autodesk.

„Со сѐ поголемата примена на 3D моделите во различните индустрии во Македонија, расте и потребата од 3D аниматори во различни индустрии, а највеќе во филм, телевизија, маркетинг, видео продукција, итн. Јаките дизајнерски софтверски вештини секогаш се одлично средство за напредок во академските и професионалните области, а учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на сите студенти да имаат огромна предност во образованието или кариерата. По завршување на обуката студентите ќе дознаат за широката примена на 3D објектите во денешно време, ќе научат да изработуваат органски и неоргански 3D модели и да анимираат комплексни 3D објекти, полесно ќе совладаат слични софтверски решенија, а стекнатиот меѓународно признаен сертификат ќе им помогне да бидат конкуренти на домашниот и странскиот пазар.“ – изјави Иво Богојевски, сертифициран Autodesk тренер во Семос Едукација.

Autodesk Maya е најраспространет и најдостапен 3D софтвер во изминативе 20 години од неговото креирање. Се користи од страна на најмоќните филмски студија, како што се: Blue Sky Studios, Framestor, Moving Picture Company, Industrial Light & Magic и др. Maya е наменет за помладата генерација на корисници кои сакаат да го совладаат овој моќен софтвер кој има голема примена во различни индустрии кои користат 3D технологија. Со оваа апликација можат да се генерираат 3D објекти кои понатака може да се искористат во филмската и гејминг индустрија, архитектура, медицина, 3D печатење, итн.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail