„Социјалните мрежи како Фејсбук мора да се регулираат како цигарите“

MarcDenioff.jpg

Социјалните мрежи како „Facebook“ мора да се регулираат како цигарите. Оваа технологија треба да се третира како здравствен проблем кога со неа ќе се претера, вели извршниот директор на „Salesforce“ Марк Бениоф, пренесе „CNBC“.

„Мислам дека социјалните мрежи треба да се регулираат на ист начин како индустријата за цигари. Да ги земеме цигарите за пример. Тие предизвикуваат зависност и не се корисни. Мислам дека технологијата има зависнички елемент кој треба да биде адресиран. Освен тоа, производните дизајнери работат на начин што ги прават производите уште позависни и ние треба да го намалиме тоа“, рече Бениоф.

Според него, во моментов има конфузија меѓу луѓето колку социјалните мрежи се корисни или штетни за луѓето и работа на владите е да интервенираат и да поднесат јасност, особено за родителите. Тој дава за пример дека за цигарите има минимална возраст и прописи како можат да се рекламираат, но нема такви правила за социјалните мрежи.

Бениоф верува дека технолошката индустрија е како и секоја друга индустрија и порано или подоцна владите ќе мора да интервенираат во неа. „Сега има некоја регулатива, но веројатно ќе биде потребно да се направи повеќе“, вели тој.

Во текот на изминатиот месец, „Facebook“ се обидува да одговори на некои од клучните прашања кои штетат на угледот на компанијата. Тие вклучуваат ширење на лажни вести, обиди за манипулација со изборите преку реклами и многу повеќе. Марк Зукерберг објави дека ја посветил годината на решавање на овие проблеми.

Сепак, првите напори на компанијата не се особено ентузијастички. „Facebook“ објави дека ќе го намали бројот на вести што се појавуваат во корисничките сметки. Освен тоа, социјалната мрежа најави дека ќе направи и анкета меѓу корисниците кои ќе кажат на кои медиуми имаат доверба, за да можат нивните публикации да се гледаат приоритетно.

Излегува, сепак, дека оваа анкета е крајно основна. Има само две прашања. Едно го прашува корисникот дали знае дадени медиуми во листа. Второто прашање е колку доверба има во конкретните медиуми. Според компанијата, тоа е доволно со време да се изгради јасна слика за вистинските медиуми.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top