Социјалните мрежи придонесуваат кон заболување од рак на кожа

Социјалните мрежи, како што се Инстаграм и Фејсбук, придонесуваат за дополнително зголемување на бројот на лица заболени од рак на кожата, тврди британскиот експерт Кристофер Роналд Пејн.

Според него, младите стануваат се позависни од објавувањето на свои селфи фотографии на кои ќе покажат дека добиле потемен тен од сончање, при што ги игнорираат предупредувањата на експертите од „долгорочната штета од оваа трка по лајкови од пријателите“.

– Тоа е краткорочна награда и моментно задоволство, но последиците се долгорочни, изјави Пејн.

Тој оценува дека младите сакаат да имаат потемен тен на кожата пораи „лудилото на социјалните мрежи наречено слефи“.

– Според една анкета што ја направивеме, голем број луѓе сметаат дека потемниот тен е попривлечен. Здравствените кампањи не успеаја да придонесат за промени на навиките и да ги убедат луѓето во опасноста од прекумерно изложување на Сонцето, како што тоа го сторија со ракот на белите дрпбови и ги свртија луѓето против цигарите, додава Пејн.

Според него, пушењето сега се смета за „лошо“, но тоа не е случај и со прекумерното сончање.

Тој нагласува дека ракот на кожата е болест со најбрз раст во светот. Само во текот на 2015 година ширум светот се регистирани 3,1 милиони заболени од рак на кожата, од кои починале над 59.800.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail