„Социјално претприемништво за локален развој – од идеја до план“

5911c3f930ad658df2dbb7ffa08fc8b0_XL.jpg

Триесетина студенти од повеќе универзитети во Македонија учествуваат во Обука во рамките на проектот „Социјалното претприемништво преку призмата на Еразмус+“, организиран од страна на Одделението за меѓународна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во соработка со WBAA (Western Balkans Alumni Association).

  • Обуката „Социјално претприемништво за локален развој – од идеја до план“ се занимава со нов концепт на деловно работење кое како цел нема максимизирање на профит на индивидуи туку пред сѐ решавање на социјални и еколошки проблеми во едно општество. Темата е многу важна и актуелна и на глобално ниво, а како пример можеме да ја спомнеме и ЕУ, во која покрај тоа што се работи за развиени економии, сепак се придава големо значење на оваа проблематика, и во истата 10 % од БДП отпаѓа на социјални претпријатија, а секое четврто новоотворено претпријатие е социјално претпријатие. Оттаму можеме да видиме дека проблемите кои ги имаме ние ги имаат и сите останати економии, и во зависност од тоа колку ќе се посветиме на нивно решавање такви резултати и ќе имаме. Она на што ќе се задржиме во овие два дена на обуката е нови знаења во однос на социјалното претприемништво, начин на формирање на социјално претпријатие, вклучително изработка на конкретен бизнис модел, и се надеваме на доста креативни идеи од страна на учесниците, кои ќе резултираат со нивна идна апликација во пракса – изјави проф. д-р Тамара Јованов Апасиева од Економскиот факултет при УГД.
  • Сакам да го збогатам моето знаење од областа на социјалното претприемништво за кое имам некои основни познавања и затоа се пријавив за оваа обука. Овие обуки што ги организира факултетот обезбедуваат ние студентите да се надградуваме и да се рангираме повисоко во однос на тоа каде сме биле пред обуката – вели Сања Велкакова, студентка на насоката Менаџмент и претприемништво на Економскиот факултет.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail