evn.jpg

Во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации

Опис на работните задачи

  • Анализа на кориснички барања
  • Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија
  • Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија
  • Креирање техничка документација и документирање на изворен код

Потребни компетенции

  • Одлично познавање на JavaScript/JQuery/Angular(2+)/HTML/CSS и развој на responsive web апликации
  • Искуство со Visual studio.NET (C#, ASP.NET, MVC)
  • Искуство со SOAP, WSDL, XML и XSL/XSLT трансформации
  • Познавање на релациони бази на податоци: SQL Server (T-SQL) и Oracle (SQL, PL/SQL)
  • Познавање на софтверски архитектури, шаблони за дизајн и агилни методологии на работа

Потребни квалификации и лични карактеристики

  • Високо образование – Информатика
  • Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик
  • Работно искуство најмалку 3 години
  • Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, , комуникативност, тимски играч

Ги очекуваме Вашите апликации на jobs.evnelektrodistribucija@evn.mk или на
http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на
сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на
попреченост или политичка припадност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail