20190327_100348-1-e1553774716558.jpg

Денеска, здружението за сончева енергија „Солар Македонија“ одржа практична настава за учениците од средното техничко училиште С.О.У. “Коле Нехтенин” во Штип. Обуката беше организирана со поддршка од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, со цел зголемување на професионалноста на соларните монтажери и адресирање на секторските проблеми поврзани со недоволната стручност на работната сила.

За време на практичната настава, која се одржа во просториите на компанијата „Еко Солар“, се користеше едукативна опрема изработена според теркот на Занаетчиска комора од Кобленц, Германија. На практичната настава присуствуваше и Гречен Биркел, вршителка на должност претставник на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, како дел од нејзината посета на активности поддржани од УСАИД.

„Неквалитетно инсталиран соларен систем резултира со ниска ефикасност и чести сервиси. Целта на обуката е зголемување на професионалноста на стручниот кадар кој се бави со инсталирање на соларна опрема“, објасни Стефан Трајков, проектен менаџер во „Солар Македонија“.

„Ова е бизнис на иднината и верувам дека во наредните неколку години многу млади ќе се вклучат во него“, изјави Зоран Трајков, управител на компанијата „Еко Солар“. „Еко Солар“ има над 20 години традиција во соларната техника и работи со производство на соларни сушари и воздушни сончеви колектори.

Дополнително, „Солар Македонија“ зема активно учество во лобирање за решавање на системските проблеми во сончевиот сектор, меѓу кои се неадекватните шеми за субвенционирање на термални ситеми и царинските трошоци за компоненти кои ги оптоваруваат домашните производители на панели. Овие активности се исто така се поддржани од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. „Солар Македонија“ со поддршка од Проектот, веќе одржа две обуки за монтажа, димензионирање и сервис на соларни системи за време на кои беа обучени 51 работници од 17 фирми од соларниот сектор во Северна Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail