„Солвео“ бара помош од студентите за ширење на нови пазари

Solveo-e1460321684439.jpg

Со 3 успешни натпревари, 60+ задоволни учесници и 15 покани за работа/пракса, СОЛВЕО ни го најавува својот 4ти отворен натпревар за студенти. Солвео е иновативна компанија која ги поврзува студентите со компаниите за работа на реален проект

 

Со потврдување на својот концепт локално во Македонија (proof-of-concept) Солвео подготвува стратегија за проширување на својот бизнис на нови пазари.

Предизвикот за овој натпревар е да се пронајдат, тестираат и развијат можни начини за проширување на Солвео на регионално и глобално ниво. За време на овој проект ќе добиете можност да и помогнете на локална компанија да се пробие во странство.

Преку детално запознавање со моменталните практики и клучни вредности на Солвео, ќе треба да предложите стратегија и план за имплементација за креирање на скалабилен модел кој ќе му помогне на бизнисот да расте глобално.

За кого е наменет повикот?

Повикот е отворен за сите студенти – ентузијасти кои сакаат предизвици, сакаат да работат на реален проблем, и сите оние кои сакаат да научат нешто ново. Проектот е од времетраење од неполни 3 недели во 8 креативни работилници.

Наградата изнесува 30.000ден (за победничкиот тим), а рокот за пријавување е 19-ти февруари.

Насоки на интерес: Е-бизнис, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија…

Со работа на конкретен проект студентите стекнуваат искуство при работа на реален проект, можност да работите со млада компанија, можност да добијат парична награда и сертификат, да се вмрежете се со професионалци, компании и студенти и да се истакнат пред потенцијални работодавачи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail