Сомалиските пирати грабнаа брод со нафта

piratski_gliser.jpg

Огромен комерцијален брод за превоз на нафта бил грабнат од сомалиските пирати кај сомалискиот брег, соопштија денеска официјални претставници.

Ова е прв случај на киднапирање на голем комерцијален брод од 2012 година, наведуваат американските медиуми.
Според непотврдени информации, на бродот се наоѓале осум членови на екипажот.
Сопственикот на бродот „Арис 13“ е панамската компанија „Арми Шипинг“, а со неа управувала компанијата „Аурора Шип менаџмент“ од Обединетите Арапски Емирати.
Сомалиските пирати во 2011 година крај сомалсикиот брег изведоа 237 напади и притоа киднапираа стотици лица.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail