Соња Митиќ меѓу петте најдобри говорници на „Загреб Опен 2020“

zagreb-open-2020-870x360-702x336-1.jpg

Во периодот од 21 до 23 февруари во главниот град на Хрватска се одржа дебатниот турнир „Загреб Опен 2020“. На него учествуваа дебатери од земји од цела Европа, меѓу кои и шест претставници од нашата земја, членови на дебатните клубови на Младински Образовен Форум, а особено значаен беше индивидуалниот успех на Сoња Митиќ.

Митиќ се се пласираше на 5-ата позиција на индивидуалната ранг листа, односно беше првопласирана помеѓу женските говорнички.

Шесте дебатери Ѓорѓи Димески, Соња Митиќ, Ана Угрова, Анастасија Марковска, Лука Радуловиќ и Марија Јанева беа поделени во три тимови и се натпреваруваа во БП форматот (тип на дебата) во кој и традиционално се одвиваат Опен турнирите ширум Европа.

Дел од тимот беше и Весела Трајкоска, дебатен тренер од МОФ, во улога на судија на турнирот.

За поголемиот дел од дебатерите ова беше првото учество на меѓународен турнир, додека пак тимот „Coco`s dress“ составен од Димески и Митиќ успеа и да се избори за место во полуфиналето на турнирот и да освои конечен пласман на 3-ата позиција од вкупно 49 тимови.

извор: радиомоф

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail