Соопштение од АМСМ: Од ноќеска се затвара граничен премин со Грција!

amsm.jpg

Поради 24­-часовен штрајк на грчката царина, од 21 часот вечерва граничниот премин Стар Дојран нема да пропушта патнички и товарни возила. Можност за премин ќе имаат само пешаци, соопшти АМСМ.

Од ноќеска на полноќ, во генерален штрајк што ќе трае 24 часа стапуваат и грчките царински служби на граничниот премин Евзони и во тој период товарниот сообраќај при влез и излез во Грција ќе биде во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај ќе функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-­тина минути пропуштање).

Утре од 7.00 часот ќе почне штрајк и на граничниот премин Ники (Меџитлија) кој ќе трае до 24:00 часот. Во тој период ќе бидат пропуштани само пешаци, не и возила. Од македонското Министерство за внатрешни работи попладнево соопштијадека добиле известување од грчките власти за еднодневниот генерален штрајк на грчките царински служби, поради што од вечерва па во наредните 24 часа, во прекин ќе биде сообраќајот на сите три гранични премини кон Република Грција.

Грчките цариници штрајкуваат поради владините мерки за штедење.

извор: mkd.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail