Соработка на Сивус едукативен и развоен центар и „Џолев и уметностите“ за поставување на нови стандарди во неформалното образование

1-e1491906182395.jpg

Сивус едукативен и развоен центар (SEDC) започнуваат соработка со Џолев и уметностите во делот на развој на нови едногодишни Академски програми од областа на дизајн и уметност. Со оваа соработка двата центри најавуваат комбинација на веќе разработените стандарди во пристапот и преносот на знаењето во неформалното образование, кои се веќе докажани, секој во својот домен. Двете нови насоки што ќе ги понудат, Моден дизајн и Визуелни уметности се вистински спој на уметноста и дизајнот, но и практичната апликација на истите во денешните креативни индустрии.

„Силно веруваме дека оваа соработка ќе донесе нов свеж квалитет во начинот на кој се пристапува во изучувањето на овие две нови и многу атрактивни дисциплини. По повеќе години во неформалното образование и двете страни создадовме препознатливи и уникатни методологии и што е најважно резултати и доверба кај нашите корисници. Сепак, фактот дека професиите поврзани со дизајн еволуираат од чисто естетски, стилски,  кон функционални и се повеќе интегрирани со технолошки решенија не натера и нас да иновираме и да ги здружиме силите со цел нов атрактивен и корисен продукт” вели Весна Ивановска, генералeн менаџер на Сивус едукативниот и развоен центар за соработката со Џолев и уметностите.

„Доколку прошетаме оваа седмица на улицата ‚Максим Горки’ во Скопје ќе имаме шанса да уживаме во боите на расцветаната алеа од јапонски цреши. Но, плодот од тој цвет никогаш нема да имаме можност да го вкусиме. Сепак, тоа е само калемена естетска корекција на остатоците од дрвени столбови. Ако продолжам во ботаничка метафора, калемењето на Џолев и уметностите кон СЕДЦ, не е естетска корекција, туку суштинска врска за сочен и вкусен плод! Постигнавме клучни заклучоци коишто  ќе ги примениме токму во овие академски програми. Вистинскиот пат за креативно создавање не е знаењето, туку имагинацијата и искуството. На здравје“, вели Дејан Џолев, основачот на школата за уметност, „Џолев и уметностите“.

Образовната форма на најавените две нови насоки ќе биде фокусирана на методолошки развој на креативната и техничка способност, како и стимулирање на интелектуалните, визуелни и естетски индивидуални вредности, преку флексибилни едукативни методи на настава која пред се ќе вклучува практична активност, во соработка со еминентни професори, стручни лица од локалните универзитети, студија и бизниси.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail