Соработката меѓу универзитетите, стартапите и корпорациите е решение за сите предизвици

UKIM-naslovna-702x336.jpg

20.11.2020, Скопје – Универзитетите, старт ап компаниите и корпорациите треба и може да соработуваат во соочување со новите предизвици – е заклучок од панел дискусијата „Креирање идеи, истражување, трансфер на технологија – како универзитетите и старт ап компаниите може да ги трансформираат корпорациите“. Панел дискусијата ја организираа Бизнис Акцелераторот УКИМ и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ во рамки на Глобалната недела на претприемништвото, овозможено од Македонија од Стартап Македонија.

Извршниот директор на Кримсон Капитал и Претседател на Развојната Фондација Кримсон, Мајкл Голд, потенцираше дека се соочуваме со многу невидени предизвици.

„Глобалната пандемија, неколку глобални економски шокови и политички кризи во многу земји, не оставаат да се прашуваме што е следно. Со неодамнешниот развој на вакцини, може да видите дека развојот и истражувањето се претворија во комерцијализирани производи и услуги, всушност помагаат да се надминат сегашните и идните предизвици. Соработката меѓу универзитетите, истражувачките лаборатории, бизнисите и Владите овозможува комерцијализирање на истражувачките проекти“, рече Голд.

За професор Владимир Атанасовски, извршен директор на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, академските институции имаат поголема слобода во истражувањето отколку компаниите.

„Кога станува збор за истражување, универзитетите и другите академски средини / институции имаат поголема слобода отколку компаниите да истражуваат, да развиваат, да дизајнираат, да создаваат прототипови и да тестираат специфични решенија. Токму и улогата на ИНОФЕИТ е да ја зајакне соработката меѓу академијата и индустријата, така што нема да наоѓаме решенија за непостоечки проблеми и всушност, работиме на проблеми во реалниот свет кои можат да бидат корисни за некого“, додаде Атанасовски.

Според него, Универзитетите имаат корист од соработката со компаниите, односно како оптимален модел, финансирањетo на нивните истражувања да произлегува од приватниот и од јавниот сектор.

Матеја Лавриќ, извршен директор на Колектор вентурс (инвестициски фонд на Колектор) од Словенија потенцираше дека не е важно колку е голема одредена компанија, затоа што и таа не може се да развие самостојно.

„Колку и да е голема компанијата, не може сè сами да развиете. Поврзувањето со академските институции, другите компании (дури и конкурентите) и високо-технолошките стартапи е клучно за одржување на конкурентската позиција. Нашата компанија работи со универзитети и истражувачки институти во последните 20-25 години. Имаме силно внатрешно истражување и развој, но тоа едноставно не е доволно“.

„Прво треба да препознаеме проблем што може да се реши. Доколку тој проблем се реплицира во различни области или индустрии и може да се реши, тогаш имаме вистински случај како решението може да биде на вистинскиот пат да стане иновација и да се комерцијализира“, објаснува Ѓорѓи Маџаров, ко-основач и извршен директор на Елевејт Глобал.

Во време на голема конкуренција, стартапите немаат време да пријавуваат патенти. Постојат други видови на заштита, вклучувајќи и нивната лична експертиза, што би им овозможило што побрзо да искочат на пазарот и така да се заштитат од конкуренцијата, заклучи Антони Леви, функционер за надворешни односи и поддршка на истражување и иновации во Кабинетот на Претседателот, Холон институт за технологија (ХИТ).

На панел дискусијата учествуваа околу 40-тина претставници на образовни компании, на институции, старт ап заедницата, невладиниот сектор и студенти.

Лице за контакт:

Александар Стамболиев

Бизнис Акцелератор УКИМ

071/578550

– – –Бизнис акцелераторот УКИМ (http://accelerator.ukim.mk/) (БАУ) им помага на брзорастечките технолошки стартапи да го забрзаат нивниот раст и да се интернационализираат преку скроено менторство и паметни инвестиции согласно нивните потреби. БАУ е еден од трите акцелератори воспоставени на крајот на 2018 година со кофинансиран грант од Фондот за иновации и технолошки развој. БАУ е уникатен во тоа што со својата сопственичка структура и начин на финансирање го епитомизира трипл хеликс моделот на соработка помеѓу академијата, приватниот и јавниот сектор. Ваквиот бизнис модел ја става соработката во центарот на создавање на силна креативна клима за раст и развој на стартап екосистемот, со тоа што го стимулира протокот на технологии и знаење меѓу 23-те факултети и 5 истражувачки институти на УКИМ, корпоративниот сектор и стартапите. Акцелератор УКИМ е основан од: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје како водечки партнер; Развојната фондација Кримсон Скопје;  Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“; како и РСМ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail