Совети како да се заштитите на интернет

pasvord.jpg

Секоја година има рејтинг на најпопуларните лозинки. Секоја година победникот е ист: 123456. Ова е најчесто користената лозинка од корисниците во светот, а истовремено е и најлесната за погодување. Многу пати луѓето стануваат жртва на хакери токму затоа што користат премногу слаби лозинки, соопштува интернет изданието „The Alert Investor“.

Таа објави и листа за најпопуларни и најлоши лозинки за 2016 година, кои околу 10% од корисниците во светот ги користат. Лидер е 123456, следен од password, 12345678, football и qwerty. Рангирањето е на SplashData и изгледа уште позагрижувачки, кога кон неа се додаваат податоците на TeleSign.

Нејзиното истражување покажува дека во 2015 година во просек 73% од сите интернет сметки се чувани од дупликат лозинки. Тоа значи дека еден човек ја користи истата лозинка за повеќе од еден профил. И уште полошо – во 54% ​​од случаите луѓето користат помалку од пет лозинки за сите свои профили.

Причината е дека за повеќето луѓе изгледа премногу непријатно и непрактично да паметат повеќе лозинки. Тие ги забораваат и губат време во нивното враќање.

Сепак весникот забележува дека постојат неколку едноставни начини да се направи побезбедна лозинка. Тоа се совети кои се познати на повеќето луѓе, но добро е да се потсетат од време на време.

На прво место тоа е должината. Убаво е таа да е барем 10 или 15 карактери. Исто така е добро да се користат како мали, така и големи букви.

Препорачливо е да се користат и дополнителни симболи како @ ~ $ итн. Лесен начин е ако се заменат букви во зборот. На пример chair – може да стане Ch @ 1R.

Добро е да се избегнуваат лозинките кои се поврзани со информации кои лесно се откриваат. На пример, ако човек објавува многу фотографии со мачки и е видлив обожавател на животните, хакерите прво би се обиделе со лозинки кои имаат варијации поврзани со мачки. Исто така е добро да се избегнуваат популарни зборови, имиња на филмови, познати личности и др.

Се разбира, треба да се користат различни лозинки за различни сметки. Може да има варијации на лозинки, но е добро тие да се изразат во дополнителни и различни симболи, а не само во промената на еден-два карактери.

Како дополнителни совети, експертите препорачуваат да се користат две нивоа идентификација кога тоа е можно. На пример испраќање на код за SMS, кој се воведува заедно со лозинка. Исто така се препорачува избегнување на таканаречените „Поврзани профили“, или правење на регистрации во сајтови преку профилот на Facebook пример. Тоа е практично, но создава поголем ризик за сите поврзани профили, ако еден од нив биде пробиен.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail