Совети како да се заштитите себеси и домот при екстремно ниски температури

mrazulci-640x360.jpeg

Ако во својот регион очекувате ниски температури, подгответе се на време. За време на викендов во Македонија се очекува температури до -20 степени, како и студен бран од Сибир.

Еве што треба да направите за да се заштитите:

-Облечете се слоевито

-Заштитете ја главата и екстремитетите

-Обидете се да дишете што е можно поопуштено ако сте надвор на ниски температури

-Носете чизми со гумен ѓон

Спречете смрзнување на цевките – Ако живеете во куќа и стравувате дека цевките може да ви замрзнат оставете ја водата малку да тече преку ноќта, така потешко може да замрзне

Во случај да снема струја – Обезбедете свеќи, запалки, батериски лампи кои ќе ви бидат на лесно дофатно место доколку ви бидат потребни

Подгответе сол или песок за снегот – ако ви снема сол можете да ја искористите солта која се употребува за машина за садови

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail