015940070_30300.jpg

Германските универзитети се познати по својот висок квалитет на настава и смешно ниски трошоци за студирање. Ништо чудно што се повеќе студенти од целиот свет ја избираат Германија. Што сепак мора нужно да знаете?

Во просек по 30 илјади долари кредит е принуден да зема просечниот студент во САД – поради високите такси за обука. Во Велика Британија, пак, е уште поскапо – студиите може да излезат и 66 000 долари. Тоа е зошто се повеќе млади луѓе да бараат поевтина алтернатива.

Една од особено атрактивни во однос на ова дестинации е Германија. Земјата на поетите и мислители во центарот на Европа е позната по високиот животен стандард. А исто така и со тоа што барем во државните универзитети нема такси за студирање. И сепак младите луѓе кои сонуваат за широкиот голем свет и за бесплатно студирање, во комбинација со посети на минхенскиот пивски фестивал и техно-забавите во Берлин, треба да знаат некои работи пред да се качат на првиот авион.

Обуката – релативно бесплатна

Претходно сите државни универзитети во Германија беа бесплатни. Потоа универзитетите воведоа студентски такси за одредени предмети, иако релативно ниски. По долги дебати, таксите беа откажани. Сепак треба да се знае една работа: студирањето е бесплатно само во државните универзитети. Ако човек сака да студира во приватен универзитет, треба да плати длабоко. Освен тоа се аплицира за прием во одредена специјалност за добивање на правото за обука под истите услови кои важат и за локалните студенти.

На студентите од држави надвор од ЕУ им треба студентска виза, која го ограничува правото да се работи на 120 дена во годината или до 240 денови со половично работно време. Во текот на семестарот учениците имаат право да работат до 20 часа неделно. Вкупните трошоци за издршка во германските градови – за кирија, храна, здравствено осигурување и транспорт – сепак се релативно пониски од оние во САД или Велика Британија. Студентите со пасош од ЕУ можат да аплицираат за стипендијата BAföG, половина од која е државен додаток, а другата половина е во форма на бескаматен заем кој се исплаќа подоцна.

И уште еден добар совет. Не си помислувачте да работите на црно во Германија. Бидејќи ризикувате да бидете ѕверски експлоатирани. А ако те фатат, можат да ве вратат во татковината.

Стипендии

За среќа странците може да имаат корист од разни видови помош и стипендии – без разлика каква специјалност запишале: инженерство, германска литература или уметност. Кој има добри оценки и знае до кој сервис да се обрати, може да обезбеди добар извор за финансирање.

Најмногу стипендиидава DAAD – германската служба за академска размена. Во Германија има и многу други фондации кои доделуваат стипендии за некои курсеви за обука. Освоената стипендија влијае позитивно и на аплицирањето.

Ако не сте граѓани на ЕУ, треба да се помирите со фактот дека ќе потрошите многу време пред шалтерите на Службата за странци. Американските граѓани запишани во германски универзитети, добиваат брзо студентски визи. А учениците,кои добиле германска универзитетска диплома, имаат право да останат уште 18 месеци во Германија и да работат. Сепак младите луѓе треба да се свесни дека германските бирократи не им е многу гајле за вас – младите треба да го земат сето тоа во свои раце – склучување на здравствено осигурување, побарувачката на живеалиште, регистрација во советот, поднесувањето на документи за виза и т .н.

Сите овие постапки се уште посложени за кандидатите од земјите во развој. Тие мора да поднесат документи за студентска виза преку германските амбасади во нивните матични земји.

“Војната” со бирократијата

Немате друг избор освен некако да се спријателите со германската бирократија. Запознајте се со канцелариски германски јазик и со правилата на службена преписка! Секогаш правете копии од сите документи за да бидат достапни во секое време. Добрата организација е од голребарување на живеалиште.

Ако почнат да ви препаќаат со бирократски писма, одговорете им со барем два пати повеќе! “Успешната стратегија се состои во тоа да одгвороите на затрупаните непријатели со мудрост”, вели една студентка од Берлин, ветеран во борбата против бирократите.

Во големите германски градови човек може да се справи и без познавање на германски. Некои универзитети нудат обука и на англиски. Сепак мора нужно да учите германски. Така ќе се справите полесно со властите и брзо ќе освоите пријатели. Ако пак по завршувањето на универзитетот сакате да останете во Германија и да работите со германскиот на ваша страна имате значително повеќе шанси.

Германските ВУЗ-ови , што си посеал, тоа и ќе жнееш

Студентите кои во САД посетуваат приватни колеџи, се навикнати на познат луксуз. Кој плаќа по 50 000 долари годишно, има и поголеми очекувања – може да се потпре на перална, домоуправител и медицински центар на територијата на универзитетот. Приватните колеџи плаќаат луди пари на секаков персонал кој ќе се грижи за учениците. Во таа смисла се и студентски консултанти кои нудат помош при пропуштени предавања. Во Германија такви услуги се непознати – студентите треба да се подобрат сами. Важи правилото – што си посеал, тоа и ќе жнееш.

Животот во студентското дом

Повеќето големи германски универзитети располагаат со студентски домови. Понекогаш тоа се мали студентски гратчиња или големи станбени задруги со Спартанско опремени еднокреветни соби. Алтернативата е да пуштите во акција шарм и да се обидете да ја пронајдете студентско сместување со цимери-Германци. Ова ќе ви даде можност да разговарате со повеќе локални луѓе и да го проширите своето знаење по германски јазик.

Ако имате среќа, може да си најдете кревет уште во првата колективно сместување, за кое аплицирате. Обично се чека со месеци, пред да успеете. Но вреди да се чека, верувајте.

Бесплатно студирање? Што поубаво! Ако сте паметни и непоколеблив човек кој сака да го постигне најдоброто во животот, можете да се ориентирате кон Германија, да учите неколку години, да помине дипломската, да поработите некое време и да се вратите во татковината, каде ќе почнете да правите големи пари. Можно е. Но, работите можат да се развијат и на друг начин – на пример ако се заљубите во Германија и одлучите да останете. Тогаш ќе се исправите пред тешка дилема: засекогаш да завсртите грб на својата татковина или со мака на срцето да се збогувате со Германија.

Ако сте се заљубиле во Германија, нема враќање назад. Исто како Дејвид Боуви сигурно ќе ги обликувате љубовни песни за Берлин и 35 години по разделбата со овој град. Има и потешки судбини – на оние кои треба да робуваат, за да ги вратат студентските кредити.

извор:локално

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail