healthy-people1.jpg

Најверојатно секој млад човек, на прашањето за својата иднина одговара дека сака да изгради успешна кариера, да го среди сопствениот живот и колку е можно подолго да остане во добра форма. Ви предлагаме 6 совети кои што ќе ви помогнат да го уживате секој ден од својот живот.

Зададете си цели
Ако нам постојано ни недостасува време, ние чувствуваме хроничен стрес и незадоволство бидејќи работите излегуваат од наша контрола. За да не се случи тоа треба да се научиме да го менаџираме времето. Зададете си јасни цели и определете реални временски рамки за нивна реализација.

Добри взаемни односи

Без разлика на зафатеноста со работа или со учење одвојте малку време за комуникација со блиските и пријателите. Да, при динамичен живот за комуникација полесно е да ги користите социјалните мрежи и електронската пошта, но важно е и да комуницирате во живо, очи во очи. Исто толку важно е навремено да се решаваат конфликтите, да се заборават старите проблеми и да се полните со позитивна енергија од комуникацијата.

Бидете благодарни

Зборот „благодарам“ не е само израз на љубезност туку има и многу голема вредност во секојдневниот живот. Луѓето често размислувајќи за работите за кои што тие имаат чувство на благодарност се чувствуваат посреќни од тие што на тоа забораваат. Затоа бидете благодарни за се во што може да уживате и гледајте како вашата благодарност го менува светот околу вас.

Внимавајте за начинот на исхрана

Храната исто така влијае на чувството на среќа и на позитивните чувства. Придржувајте се до едноставните правила за исхрана или почитувајте го така наречениот сооднос 80:20. Тоа значи дека поголемиот број од производи кои што ние ги консумираме треба да бидат здрави и избалансирани. Останатите 20% оставете ги за задоволување на желбите: дозволете си порција вкусна чоколадна торта или чаша квалитетно црвени вино.

Спортувајте

Општо познато е дека физичката активност позитивно влијае на здравјето, но знаете ли вие дека таа предизвикува долгорочни чувства на среќа? Редовното спортување помага за намалување на стресот, и помага за ослободување на ендорфин, го подобрува имунитетот и самодовербата. Ако не сакате да спортувате, облечете удобни патики и пешачете низ градот или во природа.

Бидете позитивни

Како и да го започнете својот ден дали со медитација, прошетка на кучето, читање или топол ароматизиран чај, подобрете го моментот завртете се во круг и заблагодарете и се на судбината за тоа што имате можност за го живеете овој живот кој што го имате. Ако имате храна на масата и кров над главата вие сте посреќни отколку што мислите!

извор: студенти.си

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail