Совети за витка линија од жената со најголем коефициент на интелигенција

xz.jpg

Проблемот со кој се соочуваат најмногу жени е како да ја одржат својата витка линија. Во потрага по одговори, многу дами ѝ се обратиле на најпаметната жена на светот. Американката Мерлин вос Савант, која го држи рекордот за жена со највисок коефициент на интелигенција, понудила решение за најголемиот проблем на многу жени. Иако можеби очекувате интелигентни информации и комплицирани совети, Мерлин дала сосем искрени одговори кои гарантирано ќе ви помогнат во борбата со килограмите.

1. Заборавете на грицките

Едно од најважните правила е да ги заборавите грицките. Во кујната треба да имате намирници за наредните 3 денови. Притоа треба целосно да ги изоставите слатките и солените грицки.

2. Исфрлете ги ужините

Наместо овошје и сок за ужина, Мерлин советува да се напиете шолја чај. Целосно спротивно на познатото мислење дека за вечера треба да јадете многу малку, Мерлин го завршува својот ден уживајќи во оброкот што го сака. Таа верува дека храната е корисна за телото кога сте гладни, а не кога распоредот ви вели да јадете.

3. Одвикнете се од калоричните разладени пијалаци

Мерлин консумира сокови и млеко само за појадок, а важно правило до кое се придржува е пијалаци без мраз. Таа смета дека со мразот се уништува вкусот на пијалакот, па имаме потреба за повеќе. Покрај тоа водата со температура од 22 степени во лето е сосема доволно да го разлади вашето тело кое е изложено на високи температури.

4. Никогаш немојте да ја „чистите“ чинијата

Според Мерлин, прејадувањето е најлошиот вид фрлање вкусна храна. Колку и да е вкусен вашиот оброк, најдобро е да оставите дел за наредниот оброк, но никако за ужина или за грицкање. Ако не можете да се контролирате, користете помали чинии.

5. Уживајте во вечерата

Уживањето во вечерата со пријателите и семејството полека изумира со брзиот начин на живот. Но, тоа не треба да ве спречи да уживате во секој залак. Обидете се да уживате во секој оброк така што ќе ги претворите во мали ритуали.

6. Ценете ја храната и уживајте во секој залак

Ако сакате храна, тогаш однесувајте се со љубов кон секој залак, така што ќе ги почувствувате секој вкус и секоја арома. На овој начин ќе јадете побавно и ќе се ослободите од грчевите во стомакот, како и од прејадувањето.

7. Следете ги навиките

Најчесто секој од нас се опушта за време на викендот, а истото важи и за режимот на исхрана. Мерлин советува да се држите до вашиот распоред, а наместо да грицкате нешто излезете надвор и прошетајте.

8. Не потценувајте ги калориите

Здравата храна не дозволува прејадување, а многу луѓе ги потценуваат калориите. Лесниот појадок и ручек кој го консумира Мерлин има околу 250 калории.

9. Јадете само храна којашто ја заслужувате

Никогаш не јадете лоша храна, вашето тело го заслужува само најдоброто. Па, заборавете на тестенините, мрсните сендвичи и чипсови бидејќи едноставно не го заслужувате тоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top