Создадена „ружа“ за складирање електрична енергија

ruza.jpg

Научници измислиле начин како да инјектираат раствор кој спроведува електрицитет во роза, кој потоа спонтано формирал еден вид на жици низ стеблото, листовите и цветовите, притоа создавајќи комплетно функционален суперкондензатор за складирање енергија.

Таканаречената е-Билка (е-Plant) била способна да се полни стотици пати без губење на перформансите, а тимот зад овој изум вели дека еден ден може да ни овозможи да креираме автономни енергетски системи во внатрешноста на живите билки.
Истиот тим научници во 2015 ја произвеле првата „киборг-роза“ така што ја исполниле со кондуктивен полимерски раствор, кој потоа се проширил во нејзиното ткиво. Тоа било потешко отколку што планирале, бидејќи морал да се пронајде материјал кој имал пристојна кондуктивност, не бил токсичен кон билката, не се згрутчувал, и се лепел за ткивото во внатрешноста на „вените“ на розата, познато како ксилем.

Растворот кој функционирал е наречен PEDOT – скратено од poly(3,4-ethylenedioxythiophene) – и во него била потопена обична градинарска роза со засеци на неа.

За само два дена, тие откриле дека кондуктивниот полимер бил апсорбиран во мрежата од вени и дека создал „спроводни жици“ низ внатрешното ксилемско спроводно ткиво во стеблото.
Со поставување на златни електроди и сонди на краевите и средината на розата, тимот креирал потполно функционален транзистор низ кој успешно спровеле електрична енергија.

Сега, научниците сето ова го однеле чекор понатаму – ја адаптирале полимерската мешавина да автономно се шири низ целата билка, а не само во локализирани региони во стеблото како кај претходниот експеримент.

Новиот гел е наречен ETE-S, и не само што се шири низ билката туку и се зацврснува во жици со дупло поголема спроводливост отколку кај претходните е-Билки. Ова на научниците им овозможило да ја претворат мрежата од жици во потполно функционален електронски уред преку поставување на неколку суперкондензатори низ стеблото.

Вака модифицираната билка би можела да напојува јонска пумпа, или различни типови на сензори.

Нареден чекор за научниците ќе биде оваа техника да ја направат да функционира во жива роза – не само во исечена – со цел да се создаде примитивен растечки електронски систем во шумска вегетација.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail