Создадено стакло кое ја блокира сончевата светлина

flot-staklo.jpg

Експертски тим од Технолошкиот Институт (МИТ) во Масачусетс разви нов начин на производство на стакло кое може од обично да стане целосно непровидно.

Тоа отвара можност за заштеда на енергијата со блокирање на сончевата светлина во текот на топлите денови, со помало користење на клима уредите.

Како што е објавено на сајтот на тој факултет, иако постојат слични примери на самозатемнувачко стакло, овој нов откриен начин е многу подобар бидејќи стаклото станува целосно црно и тоа за многу покусо време од што беше случај до сега.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail