SpaceX ќе носи двајца туристи околу Месечината, цената на „билетите“ вртоглава

vest_4_spacex_1.jpg

SpaceX ќе носи две лица на пат околу Месечината во 2018-та, а приватната компанија на Елон Маск ќе ја користи нивната Falcon Heavy ракета за да ги испрати во Вселената во Dragon вселенското леталото.

Двете личности кои сега засега се неименувани, пристапиле на SpaceX и платиле значителен депозит од цената на мисијата, а нивните имиња ќе бидат објавени подоцна, во зависност од резултатите од здравствените тестови со кои компанијата треба да се осигура дека нивното фитнес ниво е доволно за потребите на мисијата.

Овие двајца патници ќе бидат единствените луѓе во леталото, а патот околу Месечината се очекува да трае околу една недела, со вкупна должина (околу месечината, па близу до нејзината површина, па во Вселената и потоа назад на Земјата) од околу 500 000 до 650 000km.

Летот ќе биде закажан кога SpaceX ќе лансира NASA астронаути до Интернационалната Вселенска Станица како дел од програмата за комерцијален екипаж. Моментално, SpaceX планираат да направат безпилотен лет на Dragon леталото до вселенската станица, а првите летови со екипаж се очекуваа во средината на 2018-та. Тоа значи дека Falcon 9 и Dragon капсулите во кои ќе биде сместен екипажот ќе бидат одобрени за човечки вселенски летови од страна на NASA пред да се одржи мисијата кон Месечината.

Dragon леталото во најголем дел ќе биде автономно, така да патниците нема да треба да го пилотираат, но ќе бидат обучени за итни процедури.

Цената на „билетите“ кои двајцата ќе ги платат е доверлива, но Елон вели дека таа ќе биде малку поголема од просечната цена на мисија со екипаж кон Интернационалната Вселенска Станица.

NASA моментално едно седиште на руската Soyuz ракета ја чини околу 80 милиони долари, а еден лет на Dragon капсулата со 7 патници би чинел помеѓу 1.3 милијарди до 433 милиони долари, така што може да се процени дека анонимните патници имаат прилично длабок џеб.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail