SpaceX најави мисија на Месечина во 2018

14240353517_80ae718490_b.jpg

На онлајн прес конференција која се одржа вчера, Илон Маск најави дека неговата вселенска компанија SpaceX ќе испрати двајца приватни инвеститори на мисија околу Месечината која ќе трае околу една недела.

„Се надевам дека оваа најава ќе предизвика возбуда кај јавноста поради фактот дека повторно ќе испратиме луѓе подлабоко во вселената“, рече Маск.

Тој додаде дека двајцата патници се уште не се подготвени за да го откријат својот идентитет или да откријат детали за нивната позадина. Но спомена дека овие двајца „вселенски туристи“ се познаваат меѓусебно, дека се приватни граѓани и исто така многу сериозни за спроведување на мисијата. Овие двајца патници веќе уплатиле значајна сума на депозит за патувањето.

Иако Маск рече дека трошоците за мисијата се’ уште ќе ги чуваат во тајност, цената сепак изнесувала малку повеќе од едно патување со екипаж до и од Меѓународната вселенска станица со вселенскиот брод Dragon 2. Според досегашните сознанија, овие најавени патувања со Dragon 2 ќе изнесуваат околу 300 милиони долари поединечно.

Се уште неименуваниот екипаж кој ќе патува до Месечината ќе се најде во целосно автономната верзија на вселенскиот брод на SpaceX кој нема да има човек пилот. Компанијата планира да ја лансира мисијата во четвртиот квартал на 2018 година со помош на Falcon Heavy ракетата која за првпат ќе биде тестирана подоцна годинава.

Мисијата ќе стартува од местото Launchpad 39A во Cape Canaveral, истата платформа од каде што беше лансирана мисијата на астронаутите на Apollo во 1960тите и 1970тите години.

Оттаму, како што најави Маск, ќе стигнат до површината на Месечината, ќе ја обиколат патувајќи длабоко во вселената, а потоа ќе се вратат на Земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail